Пандев сака да се пензионира на убав начин, со пласман на Парма во Серија А!

Македонската фудбалска икона, Горан Пандев, е блиску до официјализација на одлуката да не се повлече од активното играње, туку сака да игра и во следната сезона, и да придонесе неговиот клуб Парма да влезе во првата италијанска лига.

Пандев најавуваше дека кариерата ќе ја заврши годинава, во Парма дојде во јануари, но начинот на кој ќе се простеше не беше соодветен. Последниот меч сезонава му беше неважен, не ни знаеше ќе му биде последен бидејќи потоа се повреди, и Парма беше далеку од пласман во Серија А.

Агентот на струмичанецот, Леонардо Корси, потврди дека Пандев сака да потпише нов договор со Парма.

„Во моментов Горан е на одмор, и уште не сме разговарале со клубот за продолжување на договорот. Ќе седнеме, ќе видиме кои се намерите, засега не ни се јавиле, но нем брзаме, следната недела ќе има нешто. Неговата желба е да ја врати Парма во Серија А. Тоа би бил идеалниот крај на неговата кариера. Горан и Парма заслужуваат да бидат на големата сцена“ – вели агентот Корси.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести