-1.2 C
Skopje
вторник, 3 февруари 2026

Пандевци дадоа гол во Кратово, но пак загубија од Силекс

Силекс ја оствари шестата победа во последните седум дуели против Академија Пандев во кои кратовци се домаќини. Денес славеа со убедливи 3-1, остварувајќи ги осмиот триумф во првенството.

За бодовите да останат во Кратово се погрижија Серафимовски во 41-та минута, како и Додев и Драшковиќ во второто полувреме со своите погодоци. Миловановиќ со почесниот гол за 3-1 ја прекина лошата традиција на пандевци на гостувањата кај Силекс и за првпат во седум меча гостите реализираа гол.

Силекс со овој триумф се израмни на табелата со 27 бода токму со Академија Пандев, исто толку има и второпласираната Шкендија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести