Пандевци во 94-та минута го грабнаа второто место од Шкендија

Академија Пандев со победата над Ренова од 1-0 во Тетово, изби на второ место на табелата во првата македонска фудбалска лига, откако Брегалница ја запре Шкендија на 0-0 во Штип.

Сега струмичани кои победија со гол на Марко Мартинага во 94-та минута, имаат два бода плус во однос на Шкендија и Македонија Ѓорче Петров во битката за излез во Европа.

Тиквеш со пресврт во второто полувреме победи против Скопје со 2-1, па овие два тима си ги сменија местата на табелата и кавадарчани се деветти, а Пиратите десетти.

- Оглас -

Најнови вести