„Паненка“ е уметност и не е за секого (Видео)

Доминик Фурман се обиде да погоди со познатата „Паненка“ од белата точка, но играчот на Висла Плоцк се посрамоти и голманот на Горник Забже лесно му го одбрани ударот од 11 метри.

Интересна беше и ситуацијата при која беше досуден пеналот, а се чини дека фаулот беше надвор од шеснаесетникот, но, сепак, одлуката на судијата беше да се изведе удар од 11 метри.

Фурман се обиде, а Мартин Чуди лесно одбрани. Сепак, за среќа на играчот на домаќините, Висла Плоцк победи со 1:0 со голот на Хуберт Адамчик во 68-мата минута.

Martin Chudý (Górnik Zabrze) PK save vs. Wisła Płock (82′, Polish Ekstraklasa) from soccer

Двете екипи и идната сезона ќе играат во познатата Екстракласа, како што се нарекува Првата лига во Полска, бидејќи имаат доволно бодови за опстанок.

- Оглас -

Најнови вести