Марин Чилиќ и Матео Беретини се позитивни на ковид-19 и тие нема да играат на годинешниот Вимблдон, а можеа далеку да стигнат и да бидат можни ривали на Рафаел Надал.
Сепак, ниту Надал не е сигурен дека ќе игра уште долго на лондонскиот гренслем затоа што имаше контакт со Беретини, па во следните часови и денови ќе стравува од резултатите од тестирањето за корона-вирус. Не само што тренираа заедно, туку Рафа и Матео стоеја еден до друг и си направија селфи.
Во опасност е и првиот фаворит за титулата, Новак Ѓоковиќ. Тој пред пет дена тренираше со заразениот Чилиќ.
Надал попладнево треба да го игра својот меч од првото коло против Серундоло од Аргентина, а Ѓоковиќ утре за противник во второто коло го има Австралиецот Кокинакис.