Паниката во Динамо заврши – Хајровиќ и Гаврановиќ тренираа, немаат коронавирус

Соиграчите на Аријан Адеми од Динамо, Изет Хајровиќ и Марио Гаврановиќ немаат коронавирус и денеска нормално тренираа откако вчера беа во карантин.

Од превентивни причини, дуото на популарните Модри беше хоспитализирано во болница во Загреб, каде што го минаа вчерашниот ден, но веќе денеска наутро тренираа нормално со соиграчите.

Паника се крена откако сопругата на Хајровиќ, Лејла, била на модна ревија во Милано, каде што има потенцијална опасност од епидемија. По нејзиното враќање во Загреб веднаш со сопругот и со Гаврановиќ, кој им е куќен пријател, биле однесени во болница, а потоа биле вратени дома во куќен карантин.

Динамо во сабота го игра големото дерби во НХЛ против Риека и ако сè оди според планот, ќе има дуел на македонските репрезентативци – Аријан Адеми, кој е капитен на шампионот, против Дарко Велковски, кој е стандарден во одбраната на Риека.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести