Екипите на ПАОК и Лудогорец доживеаја вистински шок на домашен терен и се елиминирани од Малме, односно Карабаг, во третото коло од квалификациите за Лигата на шампионите иако имаа предност по првите натпревари.
Вистински дебакл доживеа шампионот на Бугарија, Лудогорец, кој победи со 2-1 на гостувањето во Азербејџан, но вечерва во регуларните 90 минути беше 2-3 за Карабаг, а во продолженијата Бугарите примија уште четири гола, или вкупно седум пред своите гледачи.
ПАОК иако имаше 2-2 од првиот натпревар во Шведска, на реваншот загуби со 3-4 од Малме по продолженија, откако во регуларното време беше 3-3. Динамо Киев продолжува со одличните игри во Европа, па откако го „растури“ Партизан, сега му одржа лекција и на Глазгов ренџерс на негов терен.
Во плејофот од квалификациите за Лигата на шампионите пласман обезбедија и Слован Братислава, Бодо/Глимт, Лил, Салцбург, Митјиланд, Спарта Прага и Славија Прага.
Резултати:
АПОЕЛ – Слован Братислава 0-0
Бодо/Глимт – Јагелонија 4-1
Фенербахче – Лил 1-1
Твенте – Салцбург 3-3
ПАОК – Малме 3-4
Ференцварош – Митјиланд 1-1
Лудогорец – Карабаг 2-7
ФЦСБ – Спарта Прага 2-3
Унион СГ – Славија Прага 0-1
Глазгов ренџерс – Динамо Киев 0-2