НБА клубот Атланта хокс, испрати специјален подарок за Папата Франциск, а тоа е дрес посветен на 92-годишнината од раѓањето на борецот за човекови права Мартин Лутер Кинг. Доктор Кинг беше роден во Атланта, а убиен во Мемфис во 1968 година.
Поглаварот на Римокатоличката црква во ноември имаше состанок со делегација составена од НБА играчи и дискутираа за социјалната неправда и економската нееднаквост. Јастребите на Папата му испратија дрес со бројот 1 и името Франциск (на англиски Френсис) на грбот, а напред наместо името на градот или прекарот на тимот, ги има иницијалите на Кинг.
Папата се заблагодари и потоа го благослови дресот, и го потпиша.
https://twitter.com/i/status/1350152080393183233