Папата имаше средба со Чеферин и го благослови Европското првенство

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, имаше средба со претседателот на УЕФА, Александер Чеферин, и други фудбалски официјални лица при што им даде благослов пред почетокот на Европското првенство кое започнува вечерва, со дуелот на Турција и Италија во Рим, на стадионот „Олимпико“, кој е само на пет километри од Ватикан.

На состанокот беше и претседателот на Италијанската фудбалска федерација, Габриеле Гравина, кој му даде на Папата дрес од Аѕурите со потписи од сите играчи. Папата, кој е Аргентинец, е голем љубител на фудбалот, навива за Сан Лоренцо, а неодамна при одбележување на Денот на Светите браќа Кирил и Методиј, тој за подарок доби и дрес од македонската репрезентација.

- Оглас -

Најнови вести