И Папата Франциск ќе навива за Македонија на ЕП! (фото)

Претседателот на Македонија Стево Пендаровски, при посетата во Ватикан каде што се одбележуваше делото на сепросветителите Св. Кирил и Методиј, се сретна со Папата Франциск на кого му подари дрес од македонската фудбалска репрезентација.

„Папата Франциск го добива најновиот дрес на македонската фудбалска репрезентација со неговото испишано име на кирилица. Ова е дресот со кој ќе настапат нашите најдобри фудбалери на претстојното ЕП 2020. Нека донесе среќа, нови успеси и победи на претстојното Европско првенство“, напиша претседателот Пендаровски на „Фејсбук“.

- Оглас -

Најнови вести