Папу Гомес ја навредил сопругата на Меси, затоа веќе не игра за Аргентина

Алехандро „Папу“ Гомес е најнепопуларниот меѓу аргентинските фудбалски репрезентативци кои лани станаа светски прваци. Неговата објава по повод годишнината од освоениот Мундијал му ја „лајкна“ само голманот Емилијано Мартинес, ниту еден друг од „златните“ соиграчи.

Гомес не добива повици за настап во репрезентацијата, а сега се појави нова верзија зошто селекторот Лионел Скалони не го сака.

По победата над Холандија во четвртфиналето, сите во соблекувалната славеле лудо и пееле, а во таа еуфорија, Папу извикал „Дајте ми ја Антонела!“. По овој невкусен коментар на сметка на сопругата на капитенот и мегаѕвезда Лионел Меси, настанал молк и сите налутено гледале кон Папу.

- Оглас -

Најнови вести