Паралелен универзум: Рамос и Меси ги сменија улогите

Сигурно никогаш не би помислиле дека капитените на Реал Мадрид и Барселона ќе се најдат во ваква позиција. Како да е паралелен универзум, па Рамос и Меси ги сменија улогите.

Серхио Рамос по осум кола во Ла Лига, брои два погодоци, а заработи само еден жолт картон. Во сосема спротивна ситуација е Лионел Меси. Ѕвездата на Каталонците досега реализира само еден гол, и тоа од пенал, додека двапати досега беше санкциониран.

Уште поголемо изненадување е што Меси во шест меча досега само еднаш се радуваше, а уште се чека на негов погодок од игра. Меси пожолте во загубеното Ел Класико, како и изминатиов викенд против Алавес, кој луто ја шутна топката кон судијата спасувајќи се од исклучување.

Рамос со два пенали ги донесе победите за Реал против Бетис погодувајќи за 3-2, како и во последното Ел Класико, кое заврши со 3-1 во корист на Кралевите.

- Оглас -

Најнови вести