Паранормална појава во Еквадор, топката без шут или ветер, се движеше по терен (Видео)

За време на полувремето на еден фудбалски натпревар во Еквадор, на терен се појавија судии, кои „судеа“ невидлив меч на кој „играа“ женски тимови. На терен немаше никој, но топката се движеше по терен, во еден момент судиите досудија и пенал, по што топката влезе во гол. На многумина на трибините не им беше јасно што се случува.

Всушност ова се случи за да се обрати внимание кон женскиот фудбал. Дури 26 милиони девојки се занимаваат со фудбал во 180 земји низ светот, но женскиот фудбал не е популарен како машкиот, па затоа Еквадорците решија да ги потсетат фановите дека жените не треба да бидат невидливи и оти треба да се посетуваат и женските мечеви.

- Оглас -

Најнови вести