Парехо е уште еден во низата повредени играчи – Жолтата подморница победува, но и тоне во проблеми

Дани Парехо беше немилосрден кон Валенсија, чиј капитен беше долго време, го постигна против нив победничкиот гол за Вилјареал, но и се повреди и ќе мора да паузира.

На клупскиот сајт на Вилјареал е обjавено дека Парехо има проблем со мускулот и се претпоставува дека нема да игра околу еден месец за Жолтата подморница.

Вилјареал моментно е ко-лидер во Ла Лига со 11 бодови,колку што има и Реал Сосиедад, но е и со многу проблеми. Покрај Парехо, надвор од редовите се и Џерард Морено, кој е најдобар стрелец на тимот, потоа и Первис Еступинијан и Франсис Коклан, што е голем хендикеп за Жолтата подморница.

Вилјареал ќе почне и со настапи во Лигата на Европа од четврток против Сиваспор, па во следните 18 дена ќе мора да одигра дури шест натпревари.

По дуелот со турскиот тим, им следува серија мечеви во Ла Лига и во Лигата на Европа против Кадис, Карабах, Валјадолид, Макаби Тел Авив и Хетафе, сите во рок од две и пол недели.

 

- Оглас -

Најнови вести