Одлуката за да му се додели организацијата на Катар за Светското првенство наредната година предизвика големи полемики во светскиот фудбал.
Голем број од фудбалерите се бунеа дека нема да може да се игра на високи температури, а ФИФА одлучи шампионатот да го премести и да се игра од 21 ноември до 18 декември 2022 година.
Сето тоа ги натера федерациите да направат промени во натпреварувачката сезона а од Фудбалската федерација на Англија најавија дека ќе има седумнеделна пауза. Таа би траела од 12 ноември, па сè до 26 декември, кога ќе се вратат мечевите за Боксинг деј. Слично нешто се очекува да направат и најголемиот дел од федерациите во Европа.
Како потсетување, Сеп Блатер, некогашниот претседател на ФИФА, и Мишел Платини, како прв човек на УЕФА, се суспендирани од сите фудбалски дејствија токму поради земање мито за лобирање да му се додели организацијата на Катар.