Главниот град на Франција доби уште еден прволигаш, после 46 години пауза, Париз ФК се враќа во елитата. Вечерва парижаните ремизираа 1-1 на гостински терен против Мартиг во претпоследниот натпревар од 33-то коло на Лига 2.
Мец не успеа да го победи Родез (3-3) и ја изгуби шансата да го стигне клубот од главниот град кој обезбеди барем второ место на табелата и билет за Лига 1. Инаку од пред седум месеци газди на Париз ФК се семејството Арно кое е проценето за второ најбогато на светот. Тие поседуваат брендови како Луј Витон, Кристијан Диор, Живанши, Моет, Хенеси, Фенди, Кензо, Булгари, ТАГ Хојер…
Париз ќе игра во првата француска лига за прв пат од сезоната 1978/79. Ова е рекордно најдолг временски период помеѓу настапи во Лига 1. Стадионот на Париз е речиси залепен до „Паркот на принцовите“, ги дели само една улица, и тоа ќе даде посебен шарм на градските дербија.