Најпатриотскиот тикет: Со три победи на Македонија до коефициент поголем од 100 (Фото)

Сениорската македонска фудбалска репрезентација на утрешното гостувањето кај Белгија ќе се обиде да направи чудо и да стигне до победа, која ќе значи голем чекор за остварување на сонот, а тоа е пласман на Светското првенство кое ќе се игра следната година.

Македонија е голем аутсајдер на дуелот во Гент, но тоа е добра шанса за вечните оптимисти. Триумф на Македонија во Белгија се вреднува со 20.2 коефициент.

По мечот против Белгија, Македонија ќе се врати во Скопје да се подготви за пресметката против Казахстан, која се игра в понеделник. Е, на тој меч Македонија е во улога на фаворит, па опцијата „еден во еден“ е со квота од точно два. Тоа значи Македонија да води на полувреме и на крајот да победи.

Освен сениорите, на мегдан утре ќе биде и селекцијата на Македонија до 21 година. Во квалификациите за ЕП, македонските надежи ќе играат против врсниците од Ерменија. Македонија е фаворит, а тука „еден во еден“ комбинацијата е со 2.50 коефициент.

Еден обложувач во Тетово го одигра најпатриотскиот тикет верувајќи дека Македонија ќе може да победи на сите три средби кои се на програмата в петок и в понеделник. Со уплата од 100 денари, на вкупен коеифицнет од 101.25, бруто-добивката е над 10.000 денари, а можната нето-добивка изнесува одлични 8.621 денари.

- Оглас -

Најнови вести