Парма ги отвора вратите на „Енио Тардини“, в недела ќе игра со публика

Илјада навивачи на Парма ќе имаат прилика во живо да го гледаат пријателскиот натпревар Парма – Емполи кој се игра в недела, на стадионот „Енио Тардини“. Парма е првиот клуб во Италија кој ќе ги отвори вратите за фановите, а на трибините ќе смее да има најмногу 1.000 луѓе.

„Од мечот Парма – Лацио на 9 февруари поминаа речиси седум месеци. Следејќи ги правилата на властите, ја уваживме можноста да дозволиме влез на стадионот за максимум 1.000 луѓе“, соопштија гордо од Парма.

Овие 1.000 гледачи кои ќе се најдат на трибините ќе бидат рамномерно распоредени, по 500 во два различни сектори. При влез на стадион, на сите ќе им се мери температура, а според правилата, сите присутни ќе мора да носат маски, дури и додека седат на своето седиште.

- Оглас -

Најнови вести