Парма имаше +2 на „Олимпико“, но Педро е спасителот на Лацио (Видео)

Фудбалерите на Парма имаа водство од 0-2 на „Олимпико“ во Рим против Лацио, но Педро е спасителот на домашните, кој со два гола во самиот финиш успеа да донесе реми.

Домашниот состав сигурно дека нема да биде задоволен со овие 2-2, со оглед на тоа дека води жестока битка за пласман во Лигата на шампионите, но веројатно на негатива од два гола, кој да им понудеше нерешено, ќе прифатеа со две раце.

Педро во 57-мата минута влезе од клупата за резерви, а во 79-тата и 84-тата минута донесе голем бод за Лацио.

Лацио сега дојде до 60 бода, колку што има и градскиот ривал, Рома, додека заостанувањето од четвртопласираниот Јувентус е само два бода.

- Оглас -

Најнови вести