Парондо: Не смее да имаме грешка против Загреб

Македонскиот ракометен првак Вардар замина во Загреб, каде што утревечер треба да го одигра првиот меч од осминафиналето во Лигата на шампионите. „Црвено-црните“ се фаворити, но сепак, секогаш треба да се биде претпазлив, посебно кога се работи за меч од нокаут-фаза. Тоа го знае и тренерот на Вардар, Роберто Парондо.

„Нормално е да има притисок зашто сакаме да играме во четврт-финалето на ЛШ. Сега не смееме да имаме грешка и мораме да бидеме подобри од Загреб, вели Парондо.

Дуелот во Загреб е прогласен за „меч на неделата на ЕХФ“, што доволно кажува дека се работи за дерби. Во изминативе пет години, овие два клуба имаат одиграно точно 20 меча. Вардар е многу поуспешен и има 14 победи, додека Загреб се радувал само шест пати. Сезонава веќе играа двапати во регионалната СЕХА-лига. Загреб на свој терен победи со 26:23, а Вардар во Скопје се радуваше со 28:26.

„ Секогаш очекуваме нешто ново. Кога е само еден меч, тогаш се фрла сѐ на тој натпревар. Работиме и ние, се подготвуваме, но не е исклучено дека ќе има нешто плус и од страна на нашиот ривал“, вели Роберто Парондо, тренерот на Вардар.

Освен повредениот Сергеј Горбок, сите останати играчи на Вардар се подготвени за жестока борба против Загреб. Првиот меч се игра утревечер, во хрватската престолнин,а со почеток во 20:30 часот.

 

- Оглас -

Најнови вести