Партизан бара да се преигра четвртиот меч

Драматичната завршница меѓу Црвена ѕвезда и Партизан по која Црвено-белите ја одбранија титулата во српската кошарка предизвика бурни реакции. Ѕвезда го задржа шампионскиот статус по кошот на Берон во последните секунди од мечот, но тој беше постигнат со грешка во чекори, односно кошаркарот направи еден чекор повеќе при положувањето.

Токму затоа раководството на Партизан веднаш по мечот поднесе жалба во врска со нерегуларната реализација која директно влијаеше врз исходот на средбата, па сега сакаат четвртиот меч да се преигра, односно овој што заврши пред неполн час да не важи.

Како што известуваат српските медиуми, резултатот од четвртиот финален меч сè уште не е регистриран и се чека крајниот епилог од „третото полувреме“ на вечните ривали.

Инаку, кошаркарите на Партизан по завршувањето на средбата во знак на протест не се вратија на паркетот при доделувањето на медалите и титулата кои завршија во рацете на Црвено-белите.

 

- Оглас -

Најнови вести