10.8 C
Skopje
недела, 8 февруари 2026

Партизан демонстрира сила, го растури Асвел со 26 поени разлика

Кошаркарите на Партизан ја забележаа првата победа во новата евролигашка сезона. Тие на гостински терен го растурија францускиот претставник Асвел Лион со 26 поени разлика, односно 62-88.

Црно-белите од Белград ги добија сите четири четвртини и не му оставија ниту трошка надеж на противникот да се надева на поволен резултат од овој натпревар.

Најефикасен во редовите на Партизан беше Нунали со 17 поени.

Убедлива победа забележа и Реал Мадрид, кој немаше милост за Анадолу Ефес и го совлада со 80-103 на негов терен. Слично како и на мечот Асвел – Партизан, и тука победничката екипа ги доби сите четири четвртини.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести