Екипата на Партизан уште на стартот е елиминирана од квалификациите во Лигата на Европа, и тоа од тимот на АЕК Ларнака. На реваншот во Белград, Партизан победи со 1:0 по 90 минути и ја анулира негативата од 0:1 по првиот меч, па мораше да се играат продолженија.
Во продолженијата, АЕК даде гол за 1:1 во 104-тата минута, а Партизан погоди за 2:1 во 118-тата минута, па мораа да се шутираат пенали. Интересно е дека АЕК имаше шанса во 90+5 минута да даде гол, кој ќе ги решеше сите драми и дилеми, но голманот на Партизан тогаш одбрани.
Возбудливо беше и во пенал-рулетот. Уште по првата серија, Партизан имаше предност од еден гол, но по четири серии, резултатот беше израмнет на 2:2. Потоа, во следните три серии погодуваа фудбалерите на двата тима, а во осмата серија младиот 18-годишен Костиќ не погоди за Партизан, па АЕК се радуваше на поминување во следната фаза.
Веднаш по завршувањето на мечот, се случи мешаница во која учествуваа неколку играчи на двата тима, но, за среќа, немаше посериозен инцидент.
Partizan AEK – Crveni kartoni po završetku utakmice pic.twitter.com/lnSXMczAjD
— sportnadlanu (@klikclick191174) July 17, 2025