15.8 C
Skopje
петок, 1 август 2025

Партизан е фаворит, но не и Левски (Фото)

6902 Шахтар – Бешикташ (20 ч.)

Шахтар беше одличен на првиот меч и победи со убедливи 4:2, па сега на свој терен (неутрален терен во Краков, Полска) ќе треба да потврди дека е подобар тим од Бешикташ.

Турскиот тим нема што да калкулира и мора уште од стартот да тргне офанзивно и да се обиде да го изненади противникот.

Предлог тип: 1-2 I & 1-2 II (2.70)

 

6904 Брага – Левски (21 ч.)

Без голови заврши првиот меч во Софија, а факт е дека Брага сега ја има улогата на голем фаворит. Сепак, Левски покажа дека знае добро да се одбрани и бугарскиот тим сигурно нема лесно да се предаде.

Ова може да биде тврд дуел и повторно не би требало да има многу голови.

Предлог тип: 0-1 I & 0-1 II (2.80)

 

6901 Клуж – Лугано (19:30 ч.)

Немаше погодоци на првата средба на овие два ривали, а Клуж сега ја има улогата на фаворит, но тоа треба да се потврди на терен. Романскиот тим сезоната ја започна во променлива игра. Гo загуби Суперкупот, а во првенството има по една победа, пораз и реми.

Сепак, ќе биде големо изненадување ако Клуж не успее да го елиминира Лугано.

Предлог тип: 1 (2.30)

 

6746 Партизан – Олександрија (21 ч.)

По елиминацијата во Лигаta на Европа, Партизан конечно одигра одличен меч и победи со 2:0 на првиот меч против Олександрија, па сега само треба да го потврди пласманот во следната фаза од Конференциската лига на УЕФА.

Квалитетот е на страната на Црно-белите и конечно фановите во Белград треба да имаат причини за радост.

Предлог тип: 1-3 I &3+ (2.12)

 

6900 Хакен – Андерлехт (19 ч.)

Минимална предност од 1:0 има Андерлехт, но факт е дека белгискиот тим иако сега е гостин, повторно е во улога на фаворит.

Сепак, Хакен сигурно нема предвреме да се предаде и ќе се обиде пред своите фанови да собере сили за триумф, но за конечниот исход се прашуваат и гостите.

Предлог тип: Х2&0-3 (2.07)

 

- Оглас -

Најнови вести