20.8 C
Skopje
четврток, 9 октомври 2025

Партизан е фаворит против тимот од кој во март загуби дома со 32 поени разлика (Фото)

Пресметката на Партизан и Анадолу Ефес во Белград е еден од најинтересните денешни натпревари во кошаркарската Евролига.

Тренерот на Пиварите од Истанбул, Србинот Игор Кокошков, истакна дека гостувањата кај Партизан се едни од најтешките во Евролигата, но минатата сезона Ефес во белградската Арена победи со огромни 97-65. Двата тима имаат ефект 1-1 по првите две кола.

Квотите во Sport Life велат дека Партизан е фаворит за победа.

Може да се обложите и на бројот на поени на 50-тина кошаркари, како и на други интересни игри, како број на погодени тројки, асистенции, скокови и направени лични грешки на секој од тимовите.

- Оглас -

Најнови вести