Вардар 1961 претрпе пораз од Партизан во Белград со 22-28 во меч од СЕХА-лигата, кој мина во знакот на голманот на домашните, и националистичките скандирања на српските навивачи.
За Вадарци ова е болен пораз бидејќи победата на Црвено-црните во Скопје беше изразена со пет гола разлика.
Голманот Андреј Трнавац имаше дури 20 одбрани и беше најзаслужен за ваквата победа. Кај Вардар, Филип Талески даде 9 гола, но ниту еден друг немаше повеќе од три.
Навивачите на Партизан имаа грчко знаме, пееја навивачки песни на солунскиот ПАОК, скандираа: „Јужна Србија, никогаш Македонија“, а извадија и транспарент на кој пишуваше дека Комити е српско име и дека славеле „бугарски“ војник (се мисли на Гоце Делчев).