Со пет меча кои се закажани за денеска, треба да се комплетира 11-тото коло во кошаркарската Евролига. Возбудувањата ќе започнат со дуелот меѓу Дубаи и Жалгирис, кој се очекува да биде и најнеизвесен.
Како фаворити на свој терен се издвојуваат Анадолу Ефес во дуелот против Баерн Минхен и Барселона во пресметката против Виртус Болоња.
Партизан треба да се израдува на гости, и тоа во Франција кај АСВЕЛ. Францускиот тим е најслаб сезонава и има само две победи во Евролигата, што е добар знак за Црно-белите дека може триумфално да поминат на ова гостување.
Со полн плен од гости се очекува да се врати и Олимпијакос кој ќе игра на теренот кај Милано.

Над 50-мина кошаркари има во понудата за „плус-минус“ поени, но има и опција да се одигра „плус-минус“ и за бројот на скокови и асистенции.


