Партизан ја доби драмата во Монако, Црно-белите слават пласман во Топ 8 во Евролигата

Партизан го победи Монако на гостински терен со 88:84 и на тој начин српскиот тим си обезбеди место во Топ 8 на завршницата во кошаркарската Евролига. За Партизан ова беше 19-та победа во 33 кола и ќе биде дел од елитната завршница во најсилната кошаркарска лига во Еврипа.

Дуелот во Монако изобилуваше со многу пресврти. Монако поведе со 12:2, а интересно е дека пред крајот на полувремето, Партизан водеше со двоцифрена предност од 42:32. Највисокото водство на Партизан беше од 53:38, но тоа не значеше комоција до крајот на средбата.

Монако се врати во водство пред крајот, кога резултатот беше 76:75 за домаќините. При водство на Монако од 80:79, Партизан со низа од 5:0 стигна до предност која на крајот се покажа како доволна за триумф.

Денеска уште играа: Панатинаикос – Алба Берлин 84:88, Милано – Барселона 84:76.

 

- Оглас -

Најнови вести