7.8 C
Skopje
среда, 11 февруари 2026

Партизан ја „пецна“ Ѕвезда со резултат од пред точно 72 години

Фудбалскиот клуб Партизан денеска прославува 72 години од најубедливата победа во историјата вечните белградски дербија, и преку социјалните мрежи ги потсети соседите на тој 6-ти декември 1953 година со фотографија од семафорот.

Тој меч бил 13-ти меѓусебен дуел на белградските ривали, и се играл на стадионот „ЈНА“ кој е дом на Партизан, но тогаш и Ѕвезда била домаќин на тој стадион, бидејќи уште се градела „Маракана“, денешен „Рајко Митиќ“.

„На денешен ден, пред точно 72 години, Партизан ја победи Црвена ѕвезда со резултат од 1:7! По тој натпревар, нашиот клуб го доби прекарот Парен ваљак“, наведуваат Црно-белите.

- Оглас -

Најнови вести