Партизан ќе биде новиот клуб на Димитријевиќ!?

Ненад Димитријевиќ одигра блескав меч кога беше најпотребно. Во петиот дуел од финалната серија од рускиот плејоф, Димитријевиќ беше херојот на Уникс Казањ и најзаслужен за победата над Локомотив Москва. Нашиот репрезентативец беше најдобар на теренот и постигна дури 34 поени. Со феноменалните игри, Димитријевиќ сосема заслужено го доби признанието за МВП на финалната серија.

Веднаш по завршување на финалето, започнаа шпекулации за тоа каде би можело Димитријевиќ да настапува. Дел од српските медиуми веќе започнаа да шпекулираат дека Партизан може да биде следна дестинација за Ненад во наредната сезона. Како една од причините според кои Димитријевиќ би можело да потпише за Партизан го наведуваат фактот дека целото семејство на македонскиот репрезентативец се навивачи на Партизан, клуб кој сезонава беше на чекор од влез во фајнлфор-турнирот во Евролигата.

 

- Оглас -

Најнови вести