Нено Димитријевиќ со феноменална игра му донесе шампионска титула на Уникс Казањ!

Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ одигра уште еден феноменален меч, по кој неговиот тим Уникс Казањ стана нов шампион во руската ВТБ лига. Во петтиот меч од финалната серија против Локомотив Москва, Уникс Казањ победи со 98:89, а токму Димитријевиќ беше херојот на новиот првак.

Димитријевиќ беше незадржлив и постигна 34 поени и беше вистински предводник на новиот руски првак.

Уште во првата четвртина Уникс добро започна и поведе со девет разлика (26:17). Фуриозната игра на домаќините продолжи и во втората четвртина, па во еден момент пред крајот на полувремето, Уникс стигна и до 25 поени предност (54:29), па уште тогаш беше јасно дека домашниот тим нема да ја испушти оваа убедлива предност.

- Оглас -

Најнови вести