32.8 C
Skopje
недела, 20 јули 2025

Партизан ќе лечи рани против тим кој му е редовен муштерија

2805 Митјиланд – Оденсе (18.00 часот)

Ова е меч од првото коло во данската лига. Фаворити на хартија се домашните кои во подготвителниот период одиграа четири пријателски натпревари и на сите постигнаа два или повеќе голови. Пред една недела го победија Слован Братислава со 4-1, пред тоа со 3-1 беа подобри од Динамо Киев, што покажува дека се добро подготвени. Оденсе е повратник во елитното данско друштво, на последните три контроли не примија гол, но тоа беа дуели со дански екипи. Традицијата вели дека кога играле овие два тима, последните осум лигашки дуели им биле со „ГГ и 3+“.

Предлог тип: 1 & 3+ (1.96)

 

1671 Ројал унион СЖ – Клуб Бриж (18.30)

На овој меч во Брисел, Ројал унион Сен Жилоа и Клуб Бриж ќе се борат за трофејот од белгискиот Суперкуп. Последниот пораз на Бриж беше во април и тоа токму од Ројал унион, а и последен пат кога Бриж не дал гол на еден меч беше против истиот ривал. Последните два меѓусебни дуели им беа со 0-1 гол, пред тоа речиси редовно водеа битки во кои двајцата голмани ја вадеа топката од својата мрежа.

Предлог тип: Х било кога (1.78)

 

3136 Железничар – Партизан (20.00 часот)

Партизан на ова гостување во Панчево доаѓа како ранет лав, откако претрпе болна елиминација во квалификациите од Лига Европа. Ова е меч од првото коло во новата сезона во српската Суперлига. Секако Партизан е фаворит за победа, иако психички нема да им биде лесно да го играат овој меч. Традицијата е на страна на Црно-белите од Белград, тие ги добиле сите четири досегашни пресметки против Железничар, двете победи во Панчево им биле минимални со еден гол разлика.

Предлог тип: 2 & 0-3 (2.95)

 

3175 Марибор – Целје (20.15 часот)

За двата тима ова е шанса со позитивен резултат во дерби меч да ја отворат сезоната во словенечкото првенство. Марибор е фаворит за победа, затоа што Целје е позаморен, пред три дена против Сабах од Азербејџан играше тежок меч и победи по продолженија во квалификациите во Лига Европа. Марибор последната контрола ја имаше пред осум дена, кога одигра 1-1 со ЦСКА Софија. Во мај кога се сретнаа во Марибор на крајот на минатата сезона, резултатот беше 1-1.

Предлог тип: 1-2 I & 1-2 II (2.60)

 

4211 Тигре – Аргентинос јуниорс (21.45 часот)

Тигре сезоната ја почна со пораз од 1-2 на гости против Велез Сарсфилд, а Аргентинос јуниорс со реми без голови против Бока јуниорс. Интересно е дека на последните три меѓусебни дуели на овие екипи, секогаш еден од тимовите не успевал да постигне гол. Аргентинос нема пораз на гостински терен во 2025 година, а статистичките податоци најавуваат и дека нема да има повеќе од три гола.

Предлог тип: Х2 & 1-3 (1.87)

- Оглас -

Најнови вести