Партизан му пресуди: Барак Бахар не е повеќе тренер на Црвена ѕвезда?!

Екипата на Црвена ѕвезда како фаворит влезе во дуелот против Партизан, но „црвено-белите“ загубија со 2-1 и му ја препуштија есенската титула на вечниот ривал. Клубот од Белград имаше и лоша европска сезона, но тренерот Барак Бахар тогаш се спаси од пораз.

Сепак, се чини дека Израелецот вечерва нема да се спаси и тој ќе биде оној кој ќе понесе одговорност за лошите резултати на клубот. Според информациите од Србија, раководството на Црвена ѕвезда веќе му врачила отказ, но од клубот сè уште нема официјална потврда на оваа информација.

Црвена ѕвезда оваа сезона влезе со големи амбиции во првенството и во европските купови, но по испаѓањето од Европа, сега и го загубија првото место во домашното првенство.

- Оглас -

Најнови вести