15.8 C
Skopje
вторник, 30 септември 2025

Партизан „падна“ во Дубаи, дебакл на Барселона во Софија

Дебитантот во кошаркарската Евролига, Дубаи, со победа над Партизан од 89-76 го започна настапот во елитното натпреварување. Домашните уште од првата минута тргнаа убедливо и го добија првиот период со убедливи 28-18. Партизан се што успеа да направи е да го добие вториот период и на паузата да замине со негатива од седум поени разлика.

Во второто полувреме повторно се беше во знакот на Дубаи, а предноста постојано се зголемуваше. „Црно-белите“ во финишот се обидоа да се вратат резултатски, но неуспешно.

Кошаркарите на Барселона доживеаја вистински дебакл на „гостувањето“ во Софија и загубија со 103-87 од Хапоел Тел-Авив. Мечот започна израмнето, како што заврши и првата четвртина (26-26), но во продолжение од мечот Израелците доминираа и ги добија сите три четвртини за убедлива победа од 16 поени разлика.

- Оглас -

Најнови вести