Партизан се истури врз Игокеа

Белградски Партизан ја декласираше Игокеа со 98-52 во дуел од кошаркарската АБА лигата, со што за Црно-белите заврши серијата од пет порази по ред, од кои три беа во Евролигата, а два во јадранската АБА лига.

Тимот на тренерот Жељко Обрадовиќ на ова гостување кај тим кој имаше само две победи помалку од Партизан пред почетокот на мечот, не тргна најдобро и првата четвтина ја доби со само два поени разлика, но потоа го прегазија својот братски клуб од таканаречената Република Српска која е составен дел од Босна и Херцеговина.

Евролигашот е трети на табелата во АБА, со бод помалку од вториот Будуќност, а има ист број на бодови како четвртата Цедевита Олимпија.

- Оглас -

Најнови вести