Партизан предводен од Карлик Џонс кој даде 23 поени, го совлада Дубаи со прилично убедливи 88-74, иако на полувреме белградските Црно-бели имаа негатива од девет поени разлика.
Партизан нема шанса за плејоф, ниту за плејин, но одигра феноменално второ полувреме и носени од публиката го совладаа ривалот од АБА лигата. Дубаи да победеше ќе беше во топ 10, вака место во плејин ќе бара во наредните три меча колку шти останаа до крај на лигашкиот дел од Евролигата.
Вечерва падна и лидерот на Евролигата, Фенербахче, кој е опуштен периодов и прими 104 поени на гости од Олимпијакос во поразот од 87-104. На Фенер му треба една победа во последните три меча, за да го осигура првото место, додека на Олимпијакос кој е втор на табелата, му требаше победата во битката за директен пласман (да влезе меѓу првите шест) во четвртфиналето на плејофот.

