32.8 C
Skopje
среда, 9 јули 2025

Партизан со ново раководство, пред 17.000 гледачи, со пресврт стигнаа до победа над Чукарички (Видео)

Партизан стигна до четвртата победа во низа во домашното првенство, откако на свој терен со 3:1 славеше на Чукарички. Ова беше прв меч за Партизан откако клубот го превзема новото раководство.

Навивачите покажаа поддршка за промената во клубот, а трибините беа исполнети и имаше повеќе од 17.000 гледачи. И покрај одличната атмосфера, Партизан лошо го почна мечот, па Чукарички на полвреме водеше со 1:0.

Најверните навивачи на Партизан, популарните Гробари ги повикаа фудбалерите на полувреме да дојдат пред нивната трибина, а потоа им скандираа „Играјте за Гробари“. Во вториот дел Црно-белите заиграа многу подобро и направија целосен пресврт.

Со оваа победа Партизан стигна до 23 бодови од 11 натпревари и се на четвртото место со дури 11 бодови помалку од вечниот ривал Црвена ѕвезда која е лидер со 34 бодови од 12 средби.

- Оглас -

Најнови вести