Партизан со спектакуларна атмосфера, но Барселона не се исплаши и победи во Белград (Видео)

Кошаркарите на Барселона покажаа дека и пред 18.500 противнички навивачи знаат да одиграат одличен дуел и да победат во Белград против Партизан. Каталонскиот гигант славеше со 92:83 во меч од третото коло на Евролигата.

Уште во првата четвртина гостите покажаа дека не се уплашија од фантастичната поддршка која ја добиваа Црно-белите, па брзо поведоа со 19:10. Во втората четвртина Партизан успеа да поведе со 30:29, но потоа следуваше фуриозен дел на гостите кои на полувреме заминаа со двоцифрена предност од 44:34.

Во третата четвртина Барселона константно имаше водство, а во решавачките последни 10 минути гостите рутински ја одржуваа предноста и на крајот заслужено се радуваа.

Пред почетокот на мечот беше направена одлична атмосфера во „Штарк Арената“ во Белград.

https://twitter.com/i/status/1714318550511263922

Во турско-грчкиот дуел, Фенербахче во Истанбул без многу проблеми го победи Панатинаикос со 83:69. Фуриозна беше првата четвртина на Фенербахче, па домаќините во првата четвртина водеа со 27:9. Од тој момент, па до самиот крај домаќините доминираа и ја одржуваа убедливата предност, која најмногу беше 25 разлика (72:47).

На свој терен се радуваше и Анадолу Ефес против францускиот Лион.

- Оглас -

Најнови вести