Партизан сруши рекорд во Евролигата, па успеа да надокнади минус од 18 и да го победи грчкиот гигант

Партизан славеше со 83:81 во меч од последното коло во регуларниот дел од сезоната во кошаркарската Евролига. Српскиот тим во еден момент губеше со 18 разлика на свој терен (20:38), но не се предаде и до крајот успеа да ја стигне негативата на противникот и на крајот да стигне до победа.

Во 34 кола, Партизан заврши со 20 победи и 14 порази, што е доволно за шестото место на табелата, а тоа им носи дуел против Реал Мадрид, во нокаут фазата. На денешниот дуел против Панатинаикос, во „Штарк арената“ имаше преку 20.000 гледачи и со тоа Партизан стана првиот клуб во историјата на Евролигата што на домашен терен имал преку 300.000 навивачи.

Жалгирис е последниот тим кој се избори за место во Топ 8, откако го победи Баерн Минхен на гости со 83:80. Тоа беше и единствената денешна победа на гостински тим, затоа што домашниот терен го искористија Анадолу Ефес против Монако (87:72) и Барселона против Валенсија (85:71).

По завршување на овие средби, се комплетираше групната фаза во Евролигата и веќе се познати паровите за нокаут фазата.

Двојки за нокаут фазата, паровите се: Олимпијакос – Фенербахче, Барселона – Жалгирис, Реал Мадрид – Партизан, Монако – Макаби Тел Авив.

 

- Оглас -

Најнови вести