6.8 C
Skopje
четврток, 30 октомври 2025

Партизан тргна фуриозно, но една катастрофална четвртина го чинеше пораз во „Блауграна“

Барселона со една добра четвртина успеа да дојде до победа над Партизан со 87-80. „Каталонците“ сега се искачија на посакуваната шестта позиција, која носи пласман директно во четвртфиналето.

Мечот во „Блауграна“ започна одлично за Партизан. Белградските „црно-бели“ отворија со 0-8, а брзо потоа имаа и 3-13, предност која ја имаа уште трипати во првата четвртина, пред да заминат на првата мини-пауза со водство од 25-32.

Но, тогаш Барселона се разбуди и во вториот период буквално растури противникот. „Каталонците“ ја добија четвртината со 29-9 и ја најавија победата. Предноста од 13 поени на полувремето, порасна на +16 на стартот од третиот период, па иако во финишот имаше мала драма, сепак кошаркарите на Барселона беа присебни и заслужено победија.

Олимпијакос ја доби драмата во грчкото дерби против Панатинаикос и победи со 76-74, додека Баерн Минхен доживеа изненадувачки пораз на домашен терен од Анадолу Ефес со 92-97.

- Оглас -

Најнови вести