4.8 C
Skopje
петок, 14 ноември 2025

Партизан тргна поспано, па се разбуди, но загуби од најслабиот тим во Евролигата

Белградски Партизан е поразен на гостувањето во Лион против Асвел Вилербан со 87-88, па Црно-белите не успеаја да врзат две победи по ред во Евролигата и сега се на скор 4-7 после 11 одиграни мечеви.

Двата тима кои имаат проблеми со повредени играчи, имаа само по 10 кошаркари на располагање, а по петмина поединци во двата состави имаа двоцифрен број на поени.

Асвел почна помотивирано и поведе со 16-2, но Партизан почна да се враќа, во последната четвртина и го презеде водството, а на крај кога беше најважно, францускиот тим беше подобар и дојде до третиот триумф сезонава.

- Оглас -

Најнови вести