Реал Мадрид го надигра Партизан со 93-86, што за најтрофејниот европски клуб е прва победа сезонава во Евролигата, додека за Црно-белите е втор пораз, откако загубија и од Басконија истотака на гости.
Реал и особено Партизан имаа големи промени во играчкиот кадар и уште се далеку од формата која ја посакуваат нивните фанови. Вечерва во Мадрид клучен играч беше Факундо Кампацо кој одигра одлично во последната четвртина, а Аргентинецот можеше и да не игра на оваа средба откако прво беше суспендиран, па помилуван.
Кај Реал се врати Марио Хезоња (даде 10 поени) кој имаше мистериозна болест и ослабе осум килограми.