Од четирите натпревари кои се играат вечерва во кошаркарската Евролига, најинтересен треба да биде оној во Пиреја, каде што Олимијакос му е домаќин на Партизан.
Олимпијакос за три дена ќе наврши 100 години од своето формирање, па вечерашниот меч е одбран за прослава на големиот јубилеј и кошаркарите во црвено-бели дресови ќе играат со специјални дресови посветени на 100-тиот роденден на клубот.
Везенков, Фурние и другарите се фаворити на хартија и со победа би направиле нов чекор кон обезбедување на првото место на табелата по регуларниот дел од сезоната, додека Партизан е во битка за место директно во плејофот или барем плејин-разигрувањето преку кое ќе се пополнат четвртфиналните двојки за плејофот. Инаку Партизан од 2002 година наваму нема победа во салата „Мир и пријатество“.
Во Sport Life има богата понуда за вечерашните мечеви. Може да одиграте и на број на поени, скокови, асистенции и погодени тројки на индивидуалци, како и број на фаули, скокови и тројки на осумте тима кои ќе играат вечерва.