Четири фудбалски и еден кошаркарски натпревар се дел од понудата со Квотите на денот во Sport Life. Квотите се движат помеѓу 2.15 и 2.55, додека искомбинирани на еден тикет петте предлози прават одлична квота од 63,7.
Кошаркарите на Партизан со победа пред својата публика ќе слават трофеј од АБА -игата, па квотата од 2.55 ќе биде добитна само ако „црно-белите“ го совладаат Будуќност Подгорица, но и ако на мечот бидат постигнати над 164,50 поени.
Мирандес е во мала предност во дуелот против Сантандер, па квотата од 2.25 ќе биде добитна само ако домашните не загубат во меч на кој ќе се затресат двете мрежи.
Од младите англиски фудбалери се очекува да одиграат ефикасен меч против Чешка на Европското првенство за фудбалери до 21 година. Квотата од 2.15 ќе биде добитна само ако Англија постигне барем по еден гол и во првото и во второто полувреме.
Ефикасен фудбал и голови се очекуваат од младинските репрезентации на Финска и Холандија. Квотата од 2.15 ќе биде добитна само ако двете екипи бидат ефикасни, но и ако бидат постигнати барем три гола.
Младинците на Германија се фаворити во мечот против Словенија, па победа во натпревар на кој ќе бидат постигнати помеѓу два и четири гола ќе значи дека квотата од 2.40 е добитна.