Партизан и Виртус Болоња ќе добијат покани за настап во кошаркарската Евролига во следните неколку сезони, најавуваат грчки медиуми, а дека работата е сериозна, говори и тоа дека во Србија се најавува дека сигурно нов тренер на Партизан ќе биде најтрофејниот европски стручњак Жељко Обрадовиќ, кој во 1992 година на клубот му ја донесе титулата европски првак.
Обрадовиќ сигурно не би се нафатил да го води Партизан ако знае дека тимот нема да игра во Евролигата и затоа има добри шанси оваа вест да е вистинита, па во следната сезона да има големо белградско дерби во рамките на најсилното натпреварување во Европа. Црвена ѕвезда има загарантирано место како првак на АБА лигата.
Ако Евролигата им даде лиценци на Партизан и новиот италијански првак Виртус, кој е освојувач и на Еврокупот, тогаш во Евролигата ќе остане слободно само уште едно место бидејќи 13 клуба веќе имаат загарантирани договори.