Партизановци ќе треба да навиваат за Ѕвезда, но и против Париз и Ефес

Црвена ѕвезда – Реал Мадрид е дербито на денот во кошаркарската Евролига, затоа што двата тима се борат за место во плејофот или  барем плејин разигрувањето, и победата им е и тоа како потребна.

Заинтересирани за исходот на овој меч во Белград се и други клубови, меѓу кои и Партизан кој уште има математички шанси. За Партизан подобри би било да победи нивниот градски и омразен ривал, но и победа на Реал би ги оставила со шанси, особено ако Панатинаикос ја оправда фаворитската улога против Париз баскет.

Ѕвезда со победа би останала шеста, место кои директно води во четвртфиналето на плејофот. Реал ако слави, би имал ист скор како Ѕвезда и Барселона, а во таа група може да влезат и Ефес и Париз ако триумфираат вечерва. Ѕвезда има две победи по ред, оди по хет-трик, додека Реал оди по петтата победа во последните шест меча.

Пиварите од Истанбул мора да го победат Макаби кој нема големи мотиви и тоа треба да биде фикс на вечерта, најсигурен кец.

Во Sport Life имате богата понуда на игри за петте меча, може да одиграте и на број на поени, скокови, асистенции и тројки на индивидуалци, како и на број на погодени тројки, број на скокови и направени фаули на секој од тимовите.

- Оглас -

Најнови вести