Селекторот на Романија, Чави Пасквал, беше разочаран од поразот со осум разлика од Македонија во првиот меч од баражот за пласман на Светското ракометно првенство. Македонија славеше со 30:22, а легендарниот шпански стратег објасни дека неговиот тим имал чуден пад во играта во последните 15 минути од мечот.
„Честитки за македонската селекција. Во првите 45 минути игравме добро, но потоа се распаднавме. Јасно беше дека ни недостасува искуство за вакви тешки мечеви. Едноставно, застанавме и тоа ни се одмазди. Македонија заслужено победи, но конечниот резултат не е реален. Мора да се поправиме на реваншот во Букурешт“, рече селекторот на Романија.