Најлегендарниот колумбиски голман Рене Игита се пошегува на своја сметка, но и испрати многу силна порака до сите дека за време на Коронавирисот мора да се почитуваат препораките за неизлегување од дома доколку се нема итна потреба од тоа.
Игита, кој е познат по тоа што сакаше да излегува надвор од голманскиот простор и да дрибла, во осминафиналето на Светското првенство во 1990 година против Камерун направи таква „екскурзија“, но направи катастрофална грешка, напаѓачот Роже Мила му ја одзеде топката и ја спроведе во празната мрежа, постигнувајќи гол кој ја елиминираше Колумбија на Муднијалот.
И по 30 години, Игита жали за таа грешка и препорачува да се слушаат советите за неизлегување бидејќи последиците може да бидат трајни.
Еве потсетување за помладите каква грешка направи Игита со непочитување на советите: