Патиките на Мајкл Џордан најскапо продадени во историјата!

Патиките кои некогаш ги има носено најдобриот кошаркар на сите времиња, Мајкл Џордан, беа продадени за рекордна сума во историјата. Патиките Најк Аир 1С се патиките кои Џордан ги има носено во 1985 година, а неодамна беа ставени на аукција во Њујорк.

Почетната цена за овие патики беше одредена на 150.000 долари, но на аукцијата започнаа да стигаат многу повисоки суми од почетната. На 20 минути пред крајот на аукцијата стигна и рекордната сума. Анонимен купувач понуди неверојатни 560.000 долари за да ги купи патиките кои некогаш му припаѓале на Мајкл Џордан.

Претходниот рекорд за најскапо продадени патики во историјата изнесувал 430.000 долари, што значи дека за 130.000 долари е срушен тој рекорд.

 

- Оглас -

Најнови вести