Македонската одбојката репрезентација доби прилично поволна група во квалификациите за Европското првенство кое ќе се одржи во 2021 година. Противници ќе ни бидат Турција, Данска и Босна и Херцеговина.
После историскиот прв пласман на континенталните собири, кога во Љубљана во септември нашите одиграа и над очекувањата радувајќи се на две победи против Белорусија и против сребрената Словенија, нова цел на тимот предводен од капитенот Никола Ѓорѓиев е да остварат постојаност во настапите на евро-шампионатите.
И на ЕП 2021 ќе настапат 24 селекции. Организатори на настанот ќе бидат Полска, Чешка, Естонија и Финска. Преку квалификациите во август и во септември годинава, 12 тима ќе одат на завршницата. Македонскиот национален тим ќе ја има улогата на аутсајдер против Турците, но од седумте групи, на ЕП одат победниците и петте најдобри втори. Тоа значи дека ако Македонија оствари четири победи, по две со Данска и БиХ, речиси сигурно ќе се најде на завршниот турнир.